Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во четвртото тримесечје од 2015 година
-претходни податоци-


петок, 26 февруари 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје
од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 0.6% и изнесува 5 758
живородени деца.


Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2015 година бележи намалување од 1.3% во споредба со
истото тримесечје од 2014 година и изнесува 5 093 лица, а од нив 53 се умрени доенчиња.


Природниот прираст изнесува 665 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица.


Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.7 % во споредба со истиот период
од 2014 година и изнесува 3 494 бракови.


Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 23.6% во споредба со истиот
период од 2014 година и нивниот број изнесува 507.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика