Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје од 2022 година - претходни податоци -

вторник, 28 февруари 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2022 година, живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4.7 %.

Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2021  година, односно 5 043 лицa, од кои 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е - 616 лица, односно за толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица. 

Во ова тримесечје од годината склучени се 2 762 бракови и нивниот број е намален за 2.0 % во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39.1 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика