Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во првото тримесечје од 2022 година

петок, 27 мај 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, живородени се 4 009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %.

Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во споредба со истото тримесечје од 2021  година.

Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. 

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 468 бракови, а нивниот број е намален за 8.4 % во споредба со  истиот период од 2021 година.

Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика