Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во второто тримесечје од 2020 година - претходни податоци -

четврток, 27 август 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2020 година бележи  зголемување од 3.0 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 064 лицa, а од нив умрени доенчиња се 51.

Природниот прираст изнесува -468, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови.

Во ова тримесечје е добиен 181 извештај за разведeни бракови.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика