Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во третото тримесечје од 2013 година - претходни податоци -

четврток, 21 ноември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.2% и изнесува 6 285 живородени деца.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2013 година бележи зголемување од 0.1 % во споредба со истото тримесечје од 2012 година и изнесува 4 599 лицe, а од нив 52 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1 686 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3.3% во споредба со истиот период од 2012 година и изнесува 4 358 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување во споредба со истиот период од 2012 година и нивниот број изнесува 319.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика