Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во првото тримесечје од 2013 година
-претходни податоци-


вторник, 21 мај 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје
од 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1.7% и изнесува 5 397
живородени деца.


Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2013 година бележи намалување од 13.8 % во споредба со
истото тримесечје од 2012 година и изнесува 4 974 лице, а од нив 46 се умрени доенчиња.


Природниот прираст изнесува 423 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица.


Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5.9 % во споредба со истиот период
од 2012 година и изнесува 2 893 бракови.


Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување во споредба со истиот период од
2012 година и нивниот број изнесува 573.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика