Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2023 година

понеделник, 22 април 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република
Северна Македонија во 2023 година изнесува 621 686 тони. Споредено со 2022 година, вкупното количество на
собран комунален отпад во 2023 година бележи зголемување од 2.6 %. Зголемувањето се должи на зголемениот
број на населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 169 515 тони или 27.3 % од
вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 507 138 тони или 82 % се собрани
од домаќинствата, а останатите 18 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 531 033 тони или
85.4 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 301 тон или 0.2 % од вкупното количество собран комунален
отпад.
Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2023 година изнесува 878 303 тони. Годишното количество на
создаден комунален отпад по жител во 2023 година изнесува 503 кг, што е за 7.7 % повеќе од истото количество во
2022 година.
Најголемото количество на собран комунален отпад (99.8 %) се исфрла на депонија.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика