Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Комунален отпад, 2022 година

четврток, 20 април 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република
Северна Македонија во 2022 година изнесува 605 638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на
собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4.2 %.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 172 288 тони или 28.4 % од
вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506 257 тони или 84 % се собрани
од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 494 693 тони или
81.7 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 487 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален
отпад.
Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на
создаден комунален отпад по жител во 2022 година изнесува 467 кг, што е за 3.3 % повеќе од истото количество во
2021 година.
Најголемото количество на собран комунален отпад (99.8 %) се исфрла на депонија.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика