Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Наталитетот во 2009 година зголемен за 3.2% во однос на 2008 година
среда, 16 јуни 2010
Зголемен бројот на живородените деца
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година во Република Македонија вкупно се родени 23 910 деца, од кои 23 684 живородени и 226 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2009, во споредба со минатата година, е зголемен за 739 деца или за 3.2%. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 52.1%, односно, на 100 живородени женски деца 108.8 се машки.
Благ пораст на просечната возраст на мајката
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 61.5% се живородени деца од мајки на возраст 20-29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 27.7 години а 25.9 години на првите раѓања, односно бележи благ пораст во однос на мината година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1982 година.
Во 33 случаи - млади мајки на возраст под 15 години
За одбележување е и зголемениот број на раѓањата кај многу младо женско население. Во 2009 година регистрирани се 33 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Зголемен бројот на вонбрачните деца
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2892 деца, или 12.2% од вкупниот број на живородените деца припаѓа на вонбрачните. Во однос на минатата година се бележи зголемување за 3.0%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика