Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Наталитетот во Република Македонија, по општини, 2010
среда, 15 јуни 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година, во Република Македонија се родени вкупно 24 507 деца, од кои 24 296 се живородени и 211 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2010, во споредба со претходната година, е зголемен за 612 деца или за 2.6%. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 52.0%, односно на 100 живородени женски деца 108.3 се машки.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 60.8%, се живородени деца од мајки на возраст 20-29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 27.8 години а 26.0 години на првите раѓања, што претставува благ пораст во однос на претходната година.
Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1982 година.
За одбележување е бројот на раѓања кај многу младото женско население. Во 2010 година се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 958 деца или 12.2% од вкупниот број на живородени деца се вонбрачни.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 816
е-пошта:
danica.mitkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика