Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија се родени вкупно 19 986 деца, од кои живородени деца се 19 845, a 141 e мртвородено дете. Бројот на живородените деца во 2019 година, во споредба со минатата година, е намален за 7.0 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.8 %, односно на 100 живородени женски деца 107.4 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1 851, е регистрирано во месец јули.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 33.9 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, а 27.5 години кај првите раѓања.
Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1991 година.
Во 2019 година се регистрирани 16 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца е 2 454 или 13.4 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.