Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Наталитетот во Република Македонија во 2017 година

петок, 01 јуни 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo
21 946 деца, од кои 21 754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во
споредба со минатата година, е намален за 5.4 %. Во структурата според пол, кај живородените деца, машките имаат
поголемо учество, и тоа 51.3 %, односно на 100 живородени женски децa 105.3 се машки.


Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (1 953) се регистрирани во месец јули.


Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.7 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29
години.


Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 28.9 години, а при првите раѓања 27.2 години и
вредностите се исти како и минатата година.


Генерациска година на мајката, која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето, е 1988 година.
Во 2017 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.


Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 534 деца или 11.6 % од вкупниот број на живородените деца се
вонбрачни.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика