Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Наталитетот во Република Македонија во 2016 година

четврток, 01 јуни 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23 199 деца,
од кои 23 002 се живородени и 197 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2016 година, во споредба
со претходната година, е намален за 73 деца или за 0.3%. Во структурата според пол, кај живородените деца
машките имаат поголемо учество и тоа 51.6%, односно, на 100 живородени женски деца 106.6 се машки.


Според месецот на раѓање, најголем број на живородени деца (2 165) се регистрирани во месец септември.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.9 години, а 27.2 години при првите раѓања.


Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1% се живородени деца од мајки на возраст 25-29
години.


Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1987
година.


Во 2016 година се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.


Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 761 дете, или 12.0% од вкупниот број на живородени деца
се вонбрачни.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика