Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Наталитетот во Република Македонија, по општини, 2015

среда, 01 јуни 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23 260 деца,
од кои живородени се 23 075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со
претходната година, е намален за 521 дете или за 2.2%. Во структурата според пол, кај живородените деца
машките имаат поголемо учество и тоа 51.8%, односно, на 100 живородени женски деца 107.6 се машки.


Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (2 176) се регистрирани во месец јули.


Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.7 години, а 27.0 години на првите раѓања.


Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.5% се живородени деца од мајки на возраст 25-29
години.


Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1988
година.


Во 2015 година се регистрирани 13 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 530 деца или 11.0% од вкупниот број на живородените
деца се вонбрачни.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика