Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Наталитетот во Република Македонија во 2014 година

четврток, 18 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23 767 деца,
од кои живородени се 23 596 деца и 171 се мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2014, во споредба
со претходната година, е зголемен за 458 деца или за 2.0%. Во структурата според пол, кај живородените деца
машките имаат поголемо учество и тоа 51.6%, односно, на 100 живородени женски деца 106.5 се машки.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35.5% се живородени деца од мајки на возраст
25-29 години, па следуваат мајки на возраст од 30 до 34 со 26.7%, па мајките од 20 до 24 години со 21.2% итн.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.5 години, а 26.8 години при првите раѓања,
односно благ пораст во однос на претходната година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува
како најфреквентна при раѓањето на детето е 1985 година.
Во 2014 година се регистрирани 27 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 706 деца или 11.5% од вкупниот број на живородените
деца припаѓаат на вонбрачните.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика