Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Наталитетот во Република Северна Македонија во 2021 година

вторник, 07 јуни 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија се родени вкупно 18 790 деца, од кои живородени се 18 648, а мртвородени 142. Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за 2.0 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.1 %, односно на 100 живородени женски деца 104.5 се машки. Според  месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец  јули, односно 1 735.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 34.0 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања.

Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1992 година.

Во 2021 година се регистрирани и 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 546 деца, или  13.7 % од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика