Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Број на активни деловни субјекти, 2012 година

понеделник, 25 февруари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република
Македонија во 2012 година изнесува 74 424.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни
возила и мотоцикли со 27 307 субјекти или 36.7% и Преработувачка индустрија со 8251 субјекти или 11.1%.
Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 134
субјекти или 0.2% и Рударство и вадење на камен со 182 субјекти или 0.2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека
најголемо учество од 82.0% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без
вработени (или субјектите не го прикажале податокот за вработени) со 9.6%, па субјектите со 10-19 вработени
со 3.9%, учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2.4 %, со 1.7% учествуваат субјектите со 50-249 вработени
и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 660

е-пошта:  mirjana.cvetkovska@stat.gov.mk  lepa.jankuloska@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика