Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Број на активни деловни субјекти, 2011 година

петок, 24 февруари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2011 година изнесува 73 118.


Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 27 468 субјекти или 37.6% и Преработувачка индустрија со 8 155 субјекти или 11.2%. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 98 субјекти или 0.1% и Рударство и вадење на камен со 176 субјекти или 0.2%.


Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82.9% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени (или субјектите не го прикажале податокот за вработени) со 9.1%, па субјектите со 10-19 вработени со 3.8%, учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2.3 %, со 1.6% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти се со над 250 вработени.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 659

е-пошта:  liljana.vlajik@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика