Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Број на активни деловни субјекти, 2017 година

петок, 23 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија,
во 2017 година, изнесува 71 419 и во однос на 2016 година е намален за 0.1%. Ова намалување главно се должи на
намалувањето на бројот на активните деловни субјекти во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на
моторни возила и мотоцикли (379 субјекти), Земјоделство, шумарство и рибарство (146 субјекти), секторот Транспорт
и складирање за 97 субјекти. Во 2017 година, во однос на претходната, секторот Стручни, научни и технички дејности
бележи мало зголемување (330 субјекти).


Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2017 година
најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
со 32.7% и Преработувачка индустрија со 11.0%. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација со 0.2% и Рударство и вадење на камен со 0.3%.


Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработените покажуваат дека најголемо
учество од 79.3% имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или
субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 11.0%, па субјектите со 10 до 19 вработени со
4.5%, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 2.9%, со 1.9% учествуваат субјектите со 50 до 249
вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика