Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни субјекти
Број на активни деловни субјекти, 2016 година
четврток, 23 март 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија, во 2016 година, изнесува 71 519 и во однос на 2015 година е зголемен за 1,9%. Ова зголемување главно се должи на зголемувањето на бројот на активните деловни субјекти во секторот Преработувачка индустрија (328 субјекти), Градежништво (318 субјекти), како и во секторот Стручни, научни и технички дејности (357 субјекти). Во 2016 година, во однос на претходната, секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли бележи мало намалување (127 субјекти).
Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2016 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 33.2% и Преработувачка индустрија со 11.1%. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0.2% и Рударство и вадење на камен со 0.3%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 79.3% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 11.3%, па субјектите со 10 - 19 вработени со 4.3%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.8 %, со 1.9% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика