Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни субјекти
Број на активни деловни субјекти, 2009 година
петок, 12 март 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активни деловни субјекти во Република
Македонија во 2009 година изнесува 70 710.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на
моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата со 29 270 субјекти или
41.4% и Преработувачка индустрија со 8 225 субјекти или 11.6%. Најмала застапеност имаат секторите:
Рибарство со 57 субјекти или 0.1% и Вадење на руди и камен со 144 субјекти или 0.2%
Во секторите Приватни домаќинства кои вработуваат домашен персонал и неиздифиренцирани дејности
на домаќинствата за производство на стоки за сопствени потреби и Екстериторијални организации и тела,
во 2009 година нема ниту еден активен деловен субјект.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека
најголемо учество од 84.0% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следуваат деловните
субјекти без вработени (или субјектите не го прикажале податокот за вработени) со 8.8%, па субјектите
со 10-19 вработени со 3.1%, учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2.1%, со 1.6% учествуваат
субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти се со над 250 вработени.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 660
е-пошта:
mirjana.cvetkovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика