Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Број на активни деловни субјекти, 2021 година Претходни податоци

петок, 25 март 2022


Според претходните податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Северна Македонија, во 2021 година, е 72 922 и во однос на 2020 година е намален за 0.2 %. Најмногу, за 2.6 %, се намалил бројот на активните деловни субјекти во секторот Уметност, забава и рекреација, додека најголемо зголемување од 13.6 % се јавува во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2021 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 30.0 % и Преработувачка индустрија со 10.9 %. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0.3 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0.3 %) и Рударство и вадење на камен (0.3 %).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработените покажуваат дека најголемо учество од 82.0 % имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјектите со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 8.2 %, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4.5 %, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3.0 %, со 2.0 % учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Како резултат на процесот на усогласување на варијаблите во Статистичкиот деловен регистар со регулативата за деловни статистики (EBS Reg. 2152/2019), за 2021 година ќе се објават две соопштенија. Ова соопштение е подготвено врз основа на добиените претходни податоци, а во второто соопштение ќе се објават дефинитивните податоци (во почетокот на 2023 година).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика