Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Број на активни деловни субјекти, 2020 година

четврток, 25 март 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 73 061 и во однос на 2019 година е намален за 3.8 %. Најмногу се намалил бројот на активните деловни субјекти во секторот Други услужни дејности (15.2 %, односно за 911 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.6 %, односно за 26 субјекти). Во 2020 година, во однос на претходната, секторот Дејности на здравствена и социјална заштита бележи зголемување на бројот на активни деловни субјекти за 1.9 %, а секторот Информации и комуникации бележи пораст од 1.4 %. Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2020 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 30.4 % и Преработувачка индустрија со 11.0 %. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0.3 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0.3 %), Рударство и вадење на камен (0.3 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (0.4 %).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82.1 % имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 8.3 %, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4.4 %, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3.0 %, со 1.9 % учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика