Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни субјекти


Број на активни деловни субјекти, 2013 година

понеделник, 24 февруари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република
Македонија во 2013 година изнесува 71 290.


Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни
возила и мотоцикли со 25 429 субјекти или 35.7% и Преработувачка индустрија со 7 918 субјекти или 11.1%.


Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0.2% и Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0.2%.


Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека
најголемо учество од 85% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без
вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6.2%, па субјектите со
10 - 19 вработени со 4.2%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.5 %, со 1.8% учествуваат
субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 659

е-пошта:  liljana.vlajik@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика