Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обем на стоковната размена со странство, јануари - декември 2012
вторник, 05 февруари 2013
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 4 001 857 илјади САД долари, а на увозот 6 510 922 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.5%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 2 509 065 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-декември 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (62.8%) и земјите од Западен Балкан (24.4%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (58.4%) и земјите во развој (22.9%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија (47.1% од вкупната надворешно- трговска размена се врши со овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика