Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обем на стоковната размена со странство, јануари - ноември 2012
вторник, 08 јануари 2013
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-ноември 2012 година изнесува 3 645 344 илјади САД долари, а на увозот 5 898 962 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.8%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2012 година, изнесува 2 253 619 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Во периодот јануари-ноември 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите - членки на ЕУ 27 (62.5%) и земјите од Западен Балкан (24.6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите- членки на ЕУ 27 (58.9%) и земјите во развој (22.2%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија (47.3% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика