Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обем на стоковната размена на Република Македонија со странство,
јануари-октомври 2010 година
понеделник, 06 декември 2010
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија во периодот јануари-октомври 2010 година изнесува 2 639 866 илјади САД долари,
а на увозот 4 305 573 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.3%. Трговскиот дефицит во
периодот јануари-октомври 2010 година изнесува 1 665 707 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од
железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу
се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-октомври 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на
ЕУ 27 (61.3%) и земјите од Западен Балкан (31.2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-
членки на ЕУ 27 (53.5%) и земјите во развој (27.2%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската
размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија (44.1% од
вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика