Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обемот на стоковната размена на Република Македонија во
периодот јануари - март 2010 година е за 4.5% поголем од обемот
на размената во истиот период од 2009 година
четврток, 06 мај 2010
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот
на стоки од Република Македонија во периодот јануари- март 2010 година изнесува 642 105
илјади САД долари, а на увозот 1 100 684 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е
58.3 %. Трговскиот дефицит во периодот јануари-март 2010 година изнесува 458 580 илјади САД
долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите
од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во
увозот најмногу е застапена суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната
енергија.
Во периодот јануари-март 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-
членки на ЕУ 27 (63.3%) и земјите од Западен Балкан (29.0%), а во увозот на стоки најголемо
учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (51.6%) и земјите во развој (28.7%). Според вкупниот
обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија,
Грција, Србија, Русија и Бугарија (44.4% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со
овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика