Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обемот на стоковната размена на Република Македонија во периодот јануари-февруари 2010 година е за 1.8% поголем од обемот на размената во истиот период од 2009 година

вторник, 06 април 2010


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика вкупната вредност на извозот на стоки во Република Македонија во периодот јануари- февруари 2010 година изнесува 401 019 илјади САД долари, а на увозот 680 893 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58.9%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-февруари 2010 година изнесува 279 875 илјади САД долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта.

Во увозот најмногу е застапена суровата нафта, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.

Во периодот јануари-февруари 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите- членки на ЕУ 27 (63.8%) и земјите од Западен Балкан (29.3%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (47.5%) и земјите во развој (33.2%). Според вкупниот обем на надворешно-трговска размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Русија, Грција, Србија и Бугарија (45.9% од вкупната надворешно-трговска размена се извршува со овие пет земји).





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика