Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари-јуни 2012

понеделник, 06 август 2012


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија во периодот јануари-јуни 2012 година изнесува 1 937 649 илјади САД долари, а на
увозот 3 188 557 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 60.8%. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-јуни 2012 година, изнесува 1 250 908 илјади САД долари.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на фероникелот,
катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, преработките од нафта, производите
од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, електричната
енергија, другите моторни возила за превоз на лица, рудите на никел и нивните концентрати и платината и
легурите на платина, необработени или во прав.


Во периодот јануари-јуни 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27
(62.6%) и земјите од Западен Балкан (24.5%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на
ЕУ 27 (57.1%) и земјите во развој (24.4%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија (46.7% од вкупната надворешно-
трговска размена се врши со овие пет земји).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика