Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обемот на стоковната размена на Република Македонија во јануари 2010 година е за 0.6% поголем во однос на истиот месец од 2009 година
понеделник, 08 март 2010
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во јануари 2010 година изнесува 186 950 илјади САД долари, а на увозот 319 961 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58.4%. Трговскиот дефицит во јануари 2010 година изнесува 133 011 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу е застапена суровата нафта, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.
Во јануари 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (68.5%) и земјите од Западен Балкан (27.1%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (47.2%) и земјите во развој (33.3%). Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Русија, Грција, Италија и Србија (45.7% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика