Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари - април 2012

вторник, 05 јуни 2012


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-април 2012 година изнесува 1 225 317 илјади САД долари, а на увозот 2 085 147 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58.8%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2012 година, изнесува 859 830 илјади САД долари.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, природниот гас, во гасовита состојба, и електричната енергија.


Во периодот јануари-април 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63.6%) и земјите од Западен Балкан (23.9%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (56.2%) и земјите во развој (25.5%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Велика Британија и Бугарија (45.8% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика