Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари - февруари 2012

четврток, 05 април 2012


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-февруари 2012 година изнесува 581 087 илјади САД долари, а на увозот 938 849 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.9 %. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2012 година, изнесува 357 762 илјади САД долари.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), преработките од нафта и облеката. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, електричната енергија, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и концентрати и природниот гас во гасовита состојба.


Во периодот јануари-февруари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите- членки на ЕУ 27 (64.7%) и земјите од Западен Балкан (20.8%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (51.3%) и земјите во развој (31.7%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Русија, Грција, Бугарија и Србија (47.2% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика