+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари 2012

понеделник, 05 март 2012


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на
стоки од Република Македонија, во јануари 2012 година, изнесува 247 177 илјади САД долари, а
на увозот 417 605 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 59.2 %. Трговскиот
дефицит, во јануари 2012 година, изнесува 170 428 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите
на носачи со благородни метали или нивните соединенија, фероникелот, производите од железо и
челик (валани производи), облеката, како и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за
превоз на лица и електричната енергија.
Во јануари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.9%)
и земјите од Западен Балкан (21.0%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки
на ЕУ 27 (56.2%) и земјите во развој (25.1%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската
размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и
Кина (45.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика