+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари-март 2011

четврток, 05 мај 2011


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-март 2011 година изнесува 934 707 илјади САД долари, а на увозот 1 611 563 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 58.0%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-март 2011 година изнесува 676 856 илјади САД долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, благородните метали во колоидна состојба; нивните органски и неоргански соединенија; амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во периодот јануари-март 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (63.8%) и земјите од Западен Балкан (24.2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (55.0%) и земјите во развој (27.5%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Србија и Бугарија (48.2% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика