Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 86 735 871 илјада денари и бележи пад од 8.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 118 198 486 илјади денари, што е за 3.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 31 462 615 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ март 2020, изнесува 73.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари ‒ март 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 1 407 739 илјади евра и бележи пад од 8.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 918 367 илјади евра, што е за 3.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 510 628 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 1 552 953 илјади САД долари и бележи пад од 10.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 116 414 илјади САД долари, што е за 6.3 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ март 2020 година, изнесува 563 460 илјади САД долари.