Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари 2020 година

петок, 06 март 2020


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2020 година, изнесува 28 138 725 илјади денари и бележи пораст од 10.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во  јануари 2020 година, изнесува 35 248 370 илјади денари, што е за  0.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2020 година, изнесува 7 109 646 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2020 година, изнесува 79.8 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Кина, Србија и Грција.


Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2020 година, изнесува 457 194 илјади евра и бележи пораст од 10.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 572 750 илјади евра, што е за 0.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2020 година, изнесува 115 556 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2020 година, изнесува 507 332 илјади САД долари и бележи пораст од  7.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 635 599 илјади САД долари, што е за 2.3 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2020 година, изнесува 128 267 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика