Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 329 424 006 илјади денари и бележи пораст од 10.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 425 554 435 илјади денари, што е за 9.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 96 130 429 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 77.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари – октомври 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 5 356 096 илјади евра и бележи пораст од 10.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 919 135 илјади евра, што е за 9.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 1 563 039 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 6 004 696 илјади САД долари и бележи пораст од 4.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 759 081 илјади САД долари, што е за 3.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 1 754 385 илјади САД долари.