Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 194 235 989 илјади денари и бележи пораст од 14.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 251 236 685 илјади денари, што е за 11.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 57 000 696 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 77.3 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари – јуни 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 3 157 681 илјадa евра и бележи пораст од 14.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 084 412 илјади евра, што е за 11.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 926 731 илјадa евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 3 564 455 илјади САД долари и бележи пораст од 6.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 611 409 илјади САД долари, што е за 3.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 1 046 955 илјади САД долари.