Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – април 2019

среда, 05 јуни 2019


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 126 932 834 илјади денари и бележи пораст од 15.9 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 169 114 563 илјади денари, што е за 14.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 42 181 729 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 75.1 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – април 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

 

Обем на размената, I-IV 2019

Покриеност на увозот со извоз

296 047 397 илјади денари

75.1%

4 812 300 илјади евра

75.1%

5 446 893 илјади САД долари

75.1%

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 2 063 275 илјади евра и бележи пораст од 16.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 749 025 илјади евра, што е за 14.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 685 749 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 2 335 520 илјади САД долари и бележи пораст од 6.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 111 373 илјади САД долари, што е за 5.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 775 853 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика