Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – декември 2017 година

понеделник, 25 февруари 2019


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 309 048 850 илјади денари и бележи пораст од 14.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 420 859 860 илјади денари, што е за 10.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 111 811 010 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2017, изнесува 73.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, необработувани повеќе од топловаланите со ширина од 600 мм или повеќе, намотани.

Во периодот јануари – декември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-XII 2017

Покриеност на увозот со извоз

729 908 709 илјади денари

73.4%

11 853 567 илјади евра

73.4%

13 414 741 илјада САД долари

73.4%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 5 018 676 илјади евра и бележи пораст од 14.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 834 891 илјада евра, што е за 10.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 1 816 215 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2017 година, изнесува 5 683 890 илјади САД долари и бележи пораст од 17.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 730 850 илјади САД долари, што е за 13.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - декември 2017 година, изнесува 2 046 960 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика