Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари − декември 2018 година

вторник, 05 февруари 2019


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 360 505 356 илјади денари и бележи пораст
од 16.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари −
декември 2018 година изнесува 471 904 422 илјади денари, што е за 12.3 % повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 111 399 067 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 76.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи
го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот
се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата
добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик,
неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик
на прав.
Во периодот јануари − декември 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Обем на размената, 01-12 2018 Покриеност на увозот со извоз
832 409 778 илјади денари 76.4 %
13 532 772 илјади евра 76.4 %
15 960 192 илјади САД долари 76.3 %

 

 

 

Стоковна размена изразена во евра и во САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари − декември
2018 година, изнесува 5 860 827 илјади евра и бележи пораст од 17.0 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 671 946 илјади евра, што е за 12.4 % повеќе
во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018
година, изнесува 1 811 119 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари − декември 2018 година,
изнесува 6 907 998 илјади САД долари и бележи пораст од 21.8 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 052 195 илјади САД долари, што е за 17.3 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година,
изнесува 2 144 197 илјади САД долари






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика