+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – јуни 2018 година

понеделник, 06 август 2018


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 169 098 440 илјади денари и бележи пораст од 13.4 % во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2018 година,
изнесува 225 660 248 илјади денари, што е за 10.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 56 561 808 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74.9 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи
го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот
најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени
од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани
или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – јуни 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-VI 2018 Покриеност на увозот со извоз
394 758 688 илјади денари 74.9 %
6 415 713 илјади евра 74.9 %
7 764 470 илјади САД долари 74.8 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018
година, изнесува 2 748 191 илјада евра и бележи пораст од 13.6 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 667 522 илјади евра, што е за 11.0 % повеќе во споредба со
истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - јуни 2018 година, изнесува 919 332
илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува
3 323 298 илјади САД долари и бележи пораст од 26.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 441 172 илјади САД долари, што е за 24.0 % повеќе во споредба со
истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 1 117 874
илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика