Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 139 407 642 илјади денари и бележи пораст од 14.1 % во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2018 година,
изнесува 186 324 692 илјади денари, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 46 917 050 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува 74.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го
и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се
најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани
или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – мај 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Обем на размената, I-V 2018 |
Покриеност на увозот со извоз |
325 732 333 илјади денари |
74.8 % |
5 293 352 илјади евра |
74.8% |
6 454 330 илјади САД долари |
74.7% |
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – мај
2018 година, изнесува 2 265 419 илјади евра и бележи пораст од 14.2 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 027 932 илјади евра, што е за 9.5 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2018 година,
изнесува 762 513 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува
2 759 963 илјади САД долари и бележи пораст од 29.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 694 366 илјади САД долари, што е за 24.2 % повеќе во споредба
со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува
934 403 илјади САД долари.