Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – март 2018 година

петок, 04 мај 2018


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 79 977 866 илјади денари и бележи пораст од 13.1 %
во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2018
година, изнесува 109 640 908 илјади денари, што е за 12.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната
година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 29 663 043 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 72.9 %.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и
легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали
(освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.


Во периодот јануари – март 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-III 2018 Покриеност на увозот со извоз
189 618 774 илјади денари 72.9%
3 080 092 илјади евра 72.9%
3 789 706 илјади САД долари 73.0%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март
2018 година, изнесува 1 299 073 илјади евра и бележи пораст од 13.1 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 781 018 илјади евра, што е за 12.5 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година,
изнесува 481 945 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува
1 598 560 илјади САД долари и бележи пораст од 30.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 191 146 илјади САД долари, што е за 29.9 % повеќе во споредба со
истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2018 година, изнесува 592 586
илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика