+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – февруари 2018 година

среда, 04 април 2018


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 54 222 640 илјади денари и бележи пораст од
23.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари –
февруари 2018 година, изнесува 69 967 634 илјади денари, што е за 16.8 % повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 15 744 994 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 77.5 %.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите
на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од
платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

 
Во периодот јануари – февруари 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Обем на размената, I-II 2018 Покриеност на увозот со извоз
124 190 274 илјади денари

77.5 %

2 016 597 илјади евра

77.5 %

2 478 208 илјади САД долари

77.5 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – февруари
2018 година, изнесува 880 411 илјади евра и бележи пораст од 23.6 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 136 186 илјади евра, што е за 16.8 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година,
изнесува 255 776 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – февруари 2018 година,
изнесува 1 082 388 илјади САД долари и бележи пораст од 42.9 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 395 820 илјади САД долари, што е за 34.9 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година,
изнесува 313 432 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика