Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 270 407 829 илјади денари и бележи
пораст од 7.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-
декември 2016 година, изнесува 380 426 363 илјади денари што е за 6.4% повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 110 018 534 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2016, изнесува 71.1%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени
или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од
платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-декември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Обем на размената, 01-12 2016 |
Покриеност на увозот со извоз
|
650 834 191 илјади денари |
71.1 %
|
10 566 802 илјади евра |
71.1 %
|
11 688 770 илјади САД долари |
71.0 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември
2016 година, изнесува 4 390 284 илјади евра, и бележи пораст од 7.4% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 176 518 илјади евра што е за 6.5% повеќе
во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016
година, изнесува 1 786 234 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година,
изнесува 4 854 746 илјади САД долари, и бележи пораст од 7.2% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 834 024 илјади САД долари што е за 6.3% повеќе
во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016
година, изнесува 1 979 278 илјади САД долари.