Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари 2018 година

понеделник, 05 март 2018


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во јануари 2018 година, изнесува 25 873 897 илјади денари и бележи пораст од 27.8 % во однос на истиот
период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2018 година, изнесува 34 455 998 илјади
денари, што е за 24.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во јануари 2018 година, изнесува 8 582 101 илјада денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2018 година, изнесува 75.1 %.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите
на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од
платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

 
Во јануари 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу
тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

Обем на размената, I 2018

Покриеност на увозот со извоз

60 329 895 илјади денари

75.1 %

980 742 илјади евра

75.1 %

1 198 543 илјади САД долари

75.2 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2018 година, изнесува
420 606 илјади евра и бележи пораст од 27.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на
увeзената стока, во истиот период, изнесува 560 136 илјади евра, што е за 24.2 % повеќе во споредба со истиот
период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2018 година, изнесува 139 529 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2018 година, изнесува 514 632 илјади
САД долари и бележи пораст од 47.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената
стока, во истиот период, изнесува 683 911 илјади САД долари, што е за 42.7 % повеќе во споредба со истиот период
од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2018 година, изнесува 169 280 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика