Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари-декември 2017

понеделник, 05 февруари 2018


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-декември 2017 година, изнесува 308 341 881 илјадa денари и бележи пораст
од 15.6% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-
декември 2017 година, изнесува 420 245 581 илјадa денари, што е за 11.7% повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2017 година, изнесува 111 903 700 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2017, изнесува 73.4%.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот e најголемо учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно
согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни
минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав
и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, обработувани не
повеќе од топловаланите со ширина од 600мм или повеќе, намотани.


Во периодот јануари-декември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-XII 2017 Покриеност на увозот со извоз
728 587 461 илјадa денари 73.4%
11 832 112 илјади евра 73.4%
13 391 318 илјади САД долари 73.5%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември
2017 година, изнесува 5 007 196 илјади евра и бележи пораст од 15.7% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 824 916 илјади евра, што е за 11.8% повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2017 година,
изнесува 1 817 720 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2017 година,
изнесува 5 671 466 илјади САД долари и бележи пораст од 18.5% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 719 852 илјади САД долари, што е за 14.2% повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2017 година,
изнесува 2 048 386 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика