Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари-ноември 2017

петок, 05 јануари 2018


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-ноември 2017 година, изнесува 282 549 916 илјади денари и бележи пораст од 16.8% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-ноември 2017 година,
изнесува 381 606 496 илјади денари, што е за 12.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2017 година, изнесува 99 056 581 илјадa денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2017, изнесува 74.0% .
Трговската размена по производи покажува дека во извозот e најголемо учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно
согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни
минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на
прав и плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, не повеќе
обработувани од топло-валаните со ширина од 600 мм или повеќе, намотани.
Во периодот јануари-ноември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

 

Обем на размената, I-XI 2017

Покриеност на увозот со извоз

664 156 412 илјади денари 74.0 %
10 785 281 илјадa евра 74.0 %
12 152 623 илјади САД долари 74.2 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември
2017 година, изнесува 4 588 109 илјади евра и бележи пораст од 16.8% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 197 172 илјади евра, што е за 12.4% повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2017 година,
изнесува 1 609 063 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2017 година,
изнесува 5 175 429 илјади САД долари и бележи пораст од 18.6% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 977 194 илјади САД долари, што е за 13.8% повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2017 година,
изнесува 1 801 765 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика